Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда.
„Многу сум среќен што се квалификувавме во полуфиналето. Се соочивме со тим против кој е исклучително тешко да се создадат шанси. Сепак, создадовме многу и требаше да постигнеме повеќе голови.
Кога не можете да го направите резултатот поудобен, се случуваат вакви работи. Во второто полувреме, противникот играше поагресивно, но генерално ова е уште една победа и јас сум многу среќен.
Габриел Мартинели не можеше да продолжи, па мораше да го замениме“, рече шпанскиот специјалист лаконски за повредата на крилниот напаѓач.
Противник на Арсенал во полуфиналето ќе биде Челзи.