logo
logo
logo

Артета: Симеоне е тренер на кого му се восхитувам!

Vecer | 21.10.2025

Артета: Симеоне е тренер на кого му се восхитувам!

ФОТО: FC Arsenal/FB

Откако и дефинитивно загосподари со врвот на табелата во Премиер-лигата, Арсенал вечерва на свој терен го дочекува Атлетико Мадрид во меч од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа ќе биде и тренерски дуел меѓу Микел Артета и Диего Симеоне.

Можеби Арсенал е во улога на фаворит за ово меч, но зарем некој може да каже дека ќе биде лесно против тим кој што го предводи Чоло, тим кој што пред три недели просто го “распарчи“ Реал Мадрид во градското дерби.

Секако дека стратегот на тимот од Лондон во суперлативи говореше за противникот, посебно за својот колега Чоло Симеоне:

Она што тој го прави во Атлетико Мадрид е нешто извонредно. Не само поради успесите, туку поради начинот на кој што се постигнати, за идентитетот на тимот кој што тој го создаде. Многу е тешко, но тој што го направи со Атлетико Мадрид во изминатите 14 години е нешто извонредно.Тој е тренер на кого му се восхитувам, за таа негова страст и начинот на кој ја пренесува врз своите играчи таа желба за победа“ истакна Артета.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk