logo
logo
logo

Артета на слатки маки: Арсенал против Челзи уште посилен за Ѓокереш и Хаверц!

Vecer | 29.11.2025

Артета на слатки маки: Арсенал против Челзи уште посилен за Ѓокереш и Хаверц!

Фото: ФЦ Арсенал

Во недела од 17.30 часот се игра големото дерби меѓу Челзи и Арсенал. “Тоопчиите“ мелат сè пред себе, а од овој викенд ќе бидат уште посилни.
Како што потврди Микел Артета, Виктор Ѓокереш и Каи Хаверц, кој се враќа во тимот по пауза од неколку месеци, се достапни.
„Да, сите полека се враќаат во тимот, ќе видиме кој ќе може да игра и колку“, рече Артета кога беше прашан за напаѓачите.
За време на отсуството на Виктор Ѓокереш, Микел Мерино играше како „лажна деветка“ во последните недели, но дури ни тоа не го спречи Арсенал да ги победи Тотенхем и Баерн Минхен.
Арсенал ќе има полесен распоред по дербито со Челзи во недела, бидејќи потоа го пречекуваат Брентфорд на 3 декември, гостуваат кај Астон Вила три дена подоцна, потоа Клуб Бриж на 10 декември, а Вулверхемптон ќе пристигне на „Емирати“ на 13-ти.
Враќањето на напаѓачите е само уште едно оружје за моќниот Арсенал, кој е лидер во Премиер лигата и Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk