Фудбалерите на Арсенал без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето на ФА Купот.
Лидерот на Премиер лигата и клубот што го освои ФА Купот рекордни 14 пати, вечерва го совлада третолигашот Виган со 4:0 на својот стадион.
Сите четири гола беа постигнати во првиот дел од мечот, кога и падна одлуката за победникот. Мадуеке, Мартинели, Габриел Жезус и еден автогол на Хант беа доволни „топчиите“ брзо да го визираат своето место за осминафиналето.