Иако вчера беа поразени од ПСЖ во финалето во Лигата на Шампионите, како што и беше најавено, Арсенал попладнево е на шампионска парада по улиците на Лондон. Причината е освојувањето на титулата во Премиерлигата по пауза од 22 години.
In the heart of north London ❤️🔥
Enjoy all of our parade celebrations with Live From N5 🏆 https://t.co/LJg5ph2nIZ
— Arsenal (@Arsenal) May 31, 2026
Покрај тренерот Артета и играчите на Арсенал, тука се и фудбалерките на Арсенал кои исто така се шампиони, како и некогашни ѕвезди на клубот од Северен Лондон.
Јасно е дека атмосферата е еуфорична, ама се ќе беше поинаку ако вчера во Будимпешта беше освоен и пехарот во Лигата на Шампионите.