logo
logo
logo

Арсенал потпиша играч од средниот ред на Брентфорд

Vecer | 10.07.2025

Арсенал потпиша играч од средниот ред на Брентфорд

Фото: ФК Арсенал Х

Поранешниот играч на Брентфорд и дански репрезентативец, Кристијан Норгард, потпиша договор со Арсенал. Финансиските детали и времетраењето на договорот не се објавени.

Британските медиуми наведуваат дека Арсенал издвоил речиси 20 милиони евра за овој трансфер, додека Норгард потпишал двегодишен договор со лондонскиот клуб со можност за продолжување за уште една сезона.

Норгард е член на Брентфорд од 2019 година, а пред тоа играл за Фиорентина, Брондби, Хамбургер и Лингби.

Минатата сезона одигра 35 натпревари за англискиот клуб и постигна шест гола.

Одигра 35 натпревари за данската репрезентација.

Норгард е третото засилување на „топџиите“ ова лето, по голманот Кепа Арисабалага од Челзи за 6 и играчот од средниот ред Мартин Субименди од Реал Сосиедад за 70 милиони евра.

Навивачите сè уште чекаат „бомба“ во форма на централниот напаѓач Виктор Ѓокереш.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk