logo
logo
logo

Арсенал не знае за доста: Артета тргнува по дефанзивецот на Леверкузен!

Vecer | 25.08.2025

Арсенал не знае за доста: Артета тргнува по дефанзивецот на Леверкузен!

ФОТО: FC Arsenal/FB

Наводно Арсенал започнал преговори со Баер Леверкузен во врска со трансферот на еквадорскиот репрезентативец Пјеро Хинкапи, но договорот ќе биде можен само ако клубот успее да продаде неколку играчи пред затворањето на летниот преоден рок.
23-годишниот Хинкапи е под договор со Леверкузен до јуни 2029 година, но го известил раководството на германскиот клуб дека сака да си замине.
„Фармацевтите“ би претпочитале да го задржат дефанзивецот, освен во случај да се активира клаузулата за откуп од 60.000.000 евра, иако се разгледува можноста за договор за помал износ.

Еквадорецот претпочита трансфер во Арсенал, а лондонскиот клуб е подготвен да преземе конкретни мерки, доколку ги реализира заминувањата на Јакуб Кивиор (цел на Порто), како и на Олександр Зинченко, Фабио Виеира и Рис Нелсон, кои се исто така потенцијални кандидати за трансфер.

Еквадорецот пристигна во Леверкузен во летото 2021 година од аргентинскиот Талејрес, а досега одигра 166 натпревари за германскиот клуб, со 46 настапи за репрезентацијата на Еквадор. Тој веќе има два настапи во Бундеслигата оваа сезона.
Леверкузен веќе загуби голем број плејмејкери ова лето, вклучувајќи ги Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Амин Адли, Гранит Џака и Џонатан Та, како и тренерот Чаби Алонсо.
Дали Хинкапи е следен?


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk