logo
logo
logo

„Арсенал е убедливо најдобриот тим во светот“!

Vecer | 24.01.2026

„Арсенал е убедливо најдобриот тим во светот“!

фото: Carabao Cup (X)

Кога ќе те пофали еден Пеп Гвардиола, тогаш јасно е дека навистина вредиш, така и со Арсенал.

Имено менаџерот на Манчестер Сити го пофали лидерот во Премиер лигата, Арсенал, како најдобар тим во светот. Неговите коментари доаѓаат во време кога Сити заостанува зад тимот на Микел Артета бодовно. Сепак, менаџерот на Арсенал инсистира дека неговиот тим е „далеку од совршен“ и предупредува дека Сити не треба да биде отпишан од трката за титулата.

Гвардиола сепак си кажа:

Тие (Арсенал) се најдобриот тим во светот во моментов. Мораме да бидеме подобри и се надеваме дека ќе ни дадат шанса да ги стигнеме“. Сити има историја на успешно достигнување на Арсенал, откако ги престигна во трката за титулата во сезоните 2022-23 и 2023-24, поради што Артета не ги отпишува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk