logo
logo
logo

Арне Слот:Чувствувам поддршка од фановите и од раководството на Ливерпул!

Vecer | 10.04.2026

Арне Слот:Чувствувам поддршка од фановите и од раководството на Ливерпул!

фото: Liverpool FC (Facebook)

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека по три последователни порази, од Брајтон, Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, во комбинација со многу слаб настап на тимот, тој продолжува да ја чувствува поддршката од сопствениците, раководството на клубот, па дури и од навивачите на “Редси“. За Ливерпул, претстои многу важна недела со натпреварите против Фулам, реваншот од 1/4 финалето во Лигата на шампионите и дербито на Мерсисајд, во кое гостуваат кај Евертон.
„Често се повторувам, но многу пати сум рекол дека чувствувам голема поддршка. Не само од сопствениците, од Ричард и Мајкл, туку, чудно е што ја чувствувам и поддршката од навивачите. Кога отидовме на прошетка во Париз пред натпреварот, иако загубивме со 4-0 од Манчестер Сити, навивачите пееја „Те сакаме Ливерпул“. Откако бевме надиграни 90 минути, тие повторно пееја за нас од гостинскиот дел. Постојано ја чувствуваме таа поддршка. Клубот знае во каков период се наоѓаме и во меѓувреме ја имам нивната целосна поддршка“посочи и дополни:
“Ова се дефинирачки моменти. Се ставивме во ситуација која не беше најдобра. Париз нè остави живи, па затоа сè уште сме во овој судир. Имаме седум многу важни натпревари во Премиер лигата и се надевам уште повеќе во Лигата на шампионите. Прво мора да се фокусираме на Фулам, таму е фокусот. Ако има едно позитивно нешто од ПСЖ, тоа е што се соочивме со шампионите“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk