logo
logo
logo

Аргентина без Меси ја наполни мрежата на Бразил (ВИДЕО)

Vecer | 26.03.2025

Аргентина без Меси ја наполни мрежата на Бразил (ВИДЕО)

Аргентина обезбеди пласман на Светското првенство следната година на пет кола пред крајот на квалификациите, по добрите резултати, но со синоќешното реми меѓу Боливија и Уругвај. Место на Мундијалот го потврди со убедливиот триумф над Бразил од 4-1 и тоа без Лионел Меси (и без Анхел Ди Марија, Лаутаро Мартинез).

Тој натпревар резултатски за нив, додека за Бразил беше важен. Стрелци за домашниот тим беа Џулијан Алварез во 4., Енцо Фернандез во 12., Алексис Мекалистер во 37. и Џулијано Симеоне во 71. минута. Стрелец на единствениот гол за Бразил беше Матеус Куња во 26. минута.

Како актуелниот светски првак веќе обезбеди пласман на шампионатот каде ќе ја брани титулата, додека во Европа допрва почнуваат квалификациите за СП. За разлика од другите континенти, квалификациите за Светското првенство се играат во Јужна Америка така што целиот континент е една квалификациска група. Секоја екипа игра по 18 натпревари бидејќи во групата има 10 екипи.

Аргентина со десет победи во 14 меча се погрижи последните пет меча да бидат или за престиж или за подготовка за Светското првенство следната година.

Но, Аргентинците многу сериозно го сфатија првиот од тие „неважни“ натпревари. Иако без Лионел Меси, ги здроби своите најголеми ривали, кои во Буенос Аирес дојдоа со своите најголеми ѕвезди: Винисиус, Рафињо, Родриго…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk