logo
logo
logo

Араухо одби да коментира, Де Јонг порача: Не ги разбирам во Реал, видов многу агресивни луѓе

Vecer | 27.10.2025

Араухо одби да коментира, Де Јонг порача: Не ги разбирам во Реал, видов многу агресивни луѓе

Барселона вечерва беше поразена на гостувањето кај Реал Мадрид (2:1), со што заврши доминацијата на Каталонците во „Ел Класико“. По натпреварот, Роналд Араухо застана пред камерите, а кога слушна чие име му го спомена новинарот, јасно стави до знаење дека не сака да зборува за него.

Домашниот тим до победата го предводеа Килијан Мбапе и Џуд Белингам, а единствениот гол за гостите го постигна Фермин Лопез.

Сепак, на крајот, фокусот беше ставен на хаосот и искрите меѓу играчите на двата клуба, кои започнаа кога некои играчи на Реал Мадрид отидоа кај Ламине Јамал, на кого имаа што да кажат.

Јамал ги налути со своите изјави пред „Ел Класико“ и тие не му останаа должни, а уживаа откако одигра очаен натпревар во кој неговиот тим беше поразен.

Јамал беше главна тема за време на изјавите што играчите на двата тима ги дадоа по завршувањето на натпреварот.

„Денес нема да ви кажам ништо за Ламине Јамал. Ќе кажам само дека тој е одличен професионалец и дека сме среќни што го имаме во тимот“, рече Араухо.

Потоа, уругвајскиот дефанзивец се осврна и на „Ел Класико“, во кое неговиот тим претрпе пораз од лутиот ривал.

„Сè уште има многу работи на коцка и мора да продолжиме понатаму. Ни недостасуваше трпение, непотребно ја губевме топката, но сè уште имаме многу време да се подобриме“.

Френки де Јонг не сакаше премногу да зборува ниту за Јамал, истакнувајќи дека не разбира зошто играчите на Реал се толку фокусирани на својот соиграч, особено на Дани Карвахал, кој е негов соиграч во репрезентацијата.

„Можам да ги разберам играчите на Реал до одреден степен, но нивните реакции против Ламине Јамал се доста претерани. Видов агресивни луѓе како трчаат кон него. Мора да ги прашате зошто го направија тоа. Карвахал? Нека разговара со Ламине Јамал приватно. Ако веќе е соиграч во репрезентацијата и го познава, зошто не разговара со него приватно, наместо да прави сцена на теренот.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk