logo
logo
logo

Антверпен со гол во 94 минута стана првак на Белгија и тоа после 66 години!

Vecer | 04.06.2023

Антверпен со гол во 94 минута стана првак на Белгија и тоа после 66 години!

Екипата на Антверпен е нов белгиски шампион. Дури 66 години подоцна „кралскиот“ клуб стигна до титулата првак, нивна петта во историјата.
На Антверпен не му беше лесно. Во последното коло Антверп влезе во 46 бодови исто колку и Ројал Унион, а Генк имаше 45 бодови.
Токму Генк играше со Антверпен, а Ројал Унион со Клуб Бриж. Генк водеше на полувреме со 1:0 и ја имаше титулата во раце со оглед на тоа дека Ројал Унион во тие моменти имаше 0:0.
Генк до 90 минута водеше и со 2:1, а во тие моменти Ројал Унион имаше 1:1. Во последните пет минути трите екипи се менуваа на првото место на табелата. До 89 минута Ројал Унион беше шампион, а од 89. до 90. минута Генк и на крајот титулата ја лапна Антверпен!
Ројал прими два гола во судиското продолжение и изгуби со 1:3, а на другиот меч Антверпен извлече реми за титула со гол на ветеранот Алдервејрелд во 94 минута!
Антверпен заврши прв со 47 бода, Генк втор со 46, а Ројал Унион трет исто така со 46 бода.
Првите две екипи одат во квалификации за ЛШ, третиот во плеј-офот за ЛЕ. Клуб Бриж оди во квалификациите за Лига на конференции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk