logo
logo
logo

Англија за “осум од осум“ и без примен гол за крај, конечно победи и Србија!

Vecer | 16.11.2025

Англија за “осум од осум“ и без примен гол за крај, конечно победи и Србија!

ФОТО: England football team/FB

Вечерва се стави точка во квалификациската група К за пласман на СО 2026. Иако селекторот Томас Тухел комбинираше со составот, но таква Англија беше пресилна за домашната селекција на Албанија и победа од 0:2 и тоа со двата гола на Хари Кејн. Ова беше осми меч за Англија во оваа група и осма победа со неверојатна гол разлика 22:0, значи без примен гол.

Секој чест за Англичаните кои на Мундијалот ќе бидат меѓу ТОП 3 селекција аспиранти за титулата.

Србија под водство на новиот селектор Вељко Пауновиќ успеа да победи и тоа во Лесковац и тоа со 2:1 против Летонија. Гостите поведоа со голот на Гутковскис, за Катаи и Стаковиќ стрелаа за победа на домашната селекција.

Ова значи дека Англија оди директно на Мундијалот, Албанија ќе игра бараж а Србија ќе чека некоја друга шанса за пласман на некое следно СП.

Во групата Д исто така се одиграа два меча. Во Варшава, селекцијата на Украина со многу мака дојде до победа од 2:0 против Исланд и тоа со головите на Зубков во 83.минута и Гутсулјак во судиското продолжение. Па така Украина и официјално го освои второто место во групата и обезбеди бараж преку квалификациите.

Франција во истата група, без Килијан Мбапе, Франција го победи Азербејџан со 1:3 и стави печат на првото место во групата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk