logo
logo
logo

Ангиса во 95. минута за победа на Наполи, Рома сигурна кај Пиза (ВИДЕО)

Vecer | 30.08.2025

Ангиса во 95. минута за победа на Наполи, Рома сигурна кај Пиза (ВИДЕО)

фото: Lega Serie A (X)

Со гол во 95. минута, италијанскиот шампион Наполи оствари тешка победа на домашен терен против екипата на Каљари од 1:0 во 2. коло од Серија А лигата. Вечерва пред своја публика, Наполи се изнамачи за да обезбеди предност, но храброста и пожртвуванбоста во текот на сите 90 минути им се исплатеше.

Ангиса успеа во последниот напад на домашните да ја затресе мрежата на Каљари иако многумина веќе ги видоа гостите како го прославуваат освоениот бод. Момците на Конте и претходно пропуштија неколку шанси за гол, особено Мектоминај, кој во финишот имаше два зицери.

Во вториот меч вечерва, рома исто така минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Пиза. Голот за „волчицата“ го постигна Суле во 55. минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk