logo
logo
logo

Андалузија е „зелено-бела“: Прекин, црвен картон и радост за Бетис (ВИДЕО)

Vecer | 30.11.2025

Андалузија е „зелено-бела“: Прекин, црвен картон и радост за Бетис (ВИДЕО)

фото: Real Betis Balompié (X)

Реал Бетис ја победи Севиља со 2:0 на гостински терен во големото дерби на Андалузија и покажа кој е моментално главен во градот. Момците на Мануел Пелегрини му одржаа фудбалска лекција на својот голем ривал на „Рамон Санчез Писхуан“ и на крајот ги однесоа бодовите.

Во 54-тата минута Пабло Форналс ја искористи големата грешка на Батиста Менди и ја затресе мрежата на Влаходимос за 0:1. Мечот беше запечатен со голот на Серхи Алтимир 14 минути подоцна, со што на стадионот завладеа целосен молк.

Во финишот, резервниот играч Исак Ромеро го загуби трпението поради неизбежниот пораз, и заработи директен црвен картон, а неколку минути потоа настана целосен хаос.

Прво, капитенот на гостите, Марк Бартра, ги провоцираше навивачите на лутиот противник, а неколку минути подоцна и Натан го стори истото. Различни предмети почнаа да летаат од трибините, што беше доволно за судијата да го прекине натпреварот во 88-та минута. Паузата траеше речиси половина час, а преостанатите осум минути се одиграа без многу возбудувања.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk