logo
logo
logo

Анчелоти: За 500 милиони евра и пешки ќе отидам во Саудиска Арабија

Vecer | 08.12.2023

Анчелоти: За 500 милиони евра и пешки ќе отидам во Саудиска Арабија

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на пресконференцијата пред мечот со Бетис во шпанската Ла Лига, зборуваше за можноста да премине во Саудиска Арабија и ја прокоментира информацијата дека најдобриот шпански голфер Џон Рам да ја напушти PGA турот за LIV Golf проектот на Саудиска Арабија за неверојатна сума на пари.

За 500 милиони евра ќе отидам пешки до Саудиска Арабија. Не со авион, туку пешки. Се шегувам, секој одбира што си сака. Светот се менува и ќе продолжи да се менува. Веќе ништо не ме изненадува. Рам е многу добар, но не знам многу за голфот како спорт, но изгледа е еден од најдобрите играчи на светот“, изјави Анчелоти.

Не сум добил повик од Арабија. Имам цели и идеи, никогаш не сум трчал по пари. Израснав во фамилија која парите не беа приоритет. Имам пари, но тоа не е најважното нешто. Треба човек да се чувствува убаво, а јас убаво се чувствувам овде и се надевам дека ќе продолжам“, додаде Италијанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk