logo
logo
logo

Анчелоти по поразот: Модриќ играше лошо како и сите останати, но одговорноста е моја!

Vecer | 25.09.2023

Анчелоти по поразот: Модриќ играше лошо како и сите останати, но одговорноста е моја!

Реал Мадрид го запиша првиот пораз во новата сезона во Ла Лига, откако на гостувањето кај градскиот ривал беше поразен со 3-1 во меч од шестото коло. Со овој пораз, „кралевите“ паднаа на третото место.

Карло Анчелоти по мечот потенцира дека неговиот тим одиграл лошо, тој го посочи и Лука Модриќ кого го замени веќе на полувремето.

„Го започнавме мечот слабо, не бевме одлучни. Кога Атлетико поведе, го покажа најдоброто од својата игра. Хоселу не играше затоа што сакавме да добиеме предност во средниот ред. Бевме кревки во одбраната, тимот не беше компактен, особено во првото полувреме. Трите примени гола беа слични, нема да издвојам ничии мани и изгледа премногу неправедно да се издвои само Модриќ. Тој не играше баш најдобро, а не играа ниту останатите соиграчи. Лично, можевме подобро.

Секако, кога тимот не го прави она што јас го сакам, тоа е моја одговорност, но не грижете се – имам многу широки раменици, тоа не е проблем. Најмалку што можам да направам е да преземам одговорност. Овој пораз може да биде наша можност да ја подобриме нашата игра“, изјави Анчелоти, цитиран од весникот „Марка“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk