Карло Анчелоти ја објави групата што ќе ја користи за пријателските натпревари со Франција и Хрватска на крајот од овој месец. На глобално ниво, одекна потврдата на информацијата дека поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона – Нејмар, не е меѓу 26-те на кои ќе се потпре Анчелоти.
За време на прес-конференцијата тој ги коментираше за причините зошто не се прибегнува кон поранешната ѕвезда на европскиот фудбал.
„Објаснувањето за листата е дека многу зависи од повредите, очигледно. Составена е од играчи кои се 100 проценти здрави. Имаме важни повредени играчи како Милитао, Бруно Гимараеш, Естевао, Родриго, на кои им посакуваме брзо закрепнување. Ќе одиграме два важни, интензивни натпревари за многу краток период, вклучувајќи патување. Претпочитам да ги доведам оние кои се 100 проценти здрави. Тоа е физичка проценка, а не техничка. Нејмар е многу добар со топката, но треба да се подобри физички. Бидејќи, за тренерскиот персонал и за мене, тој не е 100 проценти од својот потенцијал. Треба да работи за да го постигне тоа. Тоа е мое мислење и мислење на целиот тренерски персонал, кој ги следи неговите игри и ќе продолжи да го прави тоа во наредните денови и месеци“, рече Анчелоти.
Тренерот, исто така, даде интересен коментар во врска со иднината на Нејмар, наведувајќи дека Бразилецот има можност повторно да добие шанса да настапи на највисоко ниво. Тој се осврна на квалификацискиот циклус за следниот Светски куп во 2030 година во Мароко, Португалија и Шпанија.
„Ако е 100% подготвен за следното Светско првенство, може да учествува. Зошто сега не е на оваа листа? Затоа што не е 100%. Ни требаат играчи кои се 100% подготвени во моментов. Но, како што реков, конечната листа ќе биде различна. Нејмар мора да продолжи да работи и да игра, демонстрирајќи ги своите квалитети додека е во добра физичка форма“, објасни Анчелоти.