Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, одговори потврдно на прашањето за тоа дали тимот ќе го освои Светското првенство во 2026 година.
„Мислам дека да. Сакам да создадам високи очекувања кај играчите. Кога очекувањата се високи, мотивацијата е поголема“, рече Карло Анчелоти.
„Талентот може да се искористи само преку кохезивен тим. Токму на ова треба да работиме – и ќе работиме. Психолошкиот аспект е клучен; играчите мора да бидат несебични, скромни, да работат напорно кон заедничка цел и да придонесуваат за тимот“, додаде италијанскиот стратег.
Во групната фаза од турнирот, Бразил ќе игра против екипи од Мароко, Хаити и Шкотска.