logo
logo
logo

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

Vecer | 14.09.2025

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen

Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити.

„Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме. Тоа беше најважниот фактор. Можеме да играме подобро, особено во моменти како вториот гол. Примивме непотребни голови. Главната разлика беше што не ги реализиравме нашите контранапади. Во второто полувреме, противникот беше подобар од нас во транзициските фази, а ние потклекнавме во овие моменти. Можеме подобро, тоа е јасно. Во вакви натпревари треба да бидеме совршени, а во овој натпревар не игравме совршено. Секогаш е истото што е разочарувачки, со толку многу шанси треба да постигнуваме голови. Треба да работиме на многу работи пред следниот натпревар“, рече менаџерот на Манчестер Јунајтед по поразот од 3-0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk