logo
logo
logo

Аморим: И без тренинг се надевам на позитивни нешта против Евертон викендов

Vecer | 29.11.2024

Аморим: И без тренинг се надевам на позитивни нешта против Евертон викендов

Синоќа тимот на Манчестер Јунајтед на домашен терен одигра дуел против тимот на Бодо. Обезбеди победа од 3:2, во меч во кој поведе, па губеше за да на крајот преку изведбата поред се на Расмус Хојлунд успее да стигне до 3:2.

Сега, тимот го очекува дуелот од Премиер лигата викендов. Внедела против тимот на Евертон. Јунајтед како што објави менаџерот Аморим на денешниот прес, нема да има ниту тренинг пред неделниот дуел, едноставно екипата ќе одмара.

Се надевам дека ќе победиме. Ќе биде многу поразличен натпревар од оној во Лига Европа. Ќе има многу борба, долги топки, борба за втората топка. Евертон има квалитетен менаџер кој ја разбира Премиер лигата. Мораме да ја контролираме топката бидејќи имаме малку време за опоравување и мора да правиме ротации. Се надевам на победа и ќе видам различни работи во мојот тим, ќе имам напредок, како што се случи од натпреварот со Ипсвич до оној со Бодо. Нема да тренираме, но сепак очекувам да видиме подобри и поинакви работи“, изјави Аморим.

Португалецот го врати Мејсон Маунт во тимот кој стартуваше на вчерашниот натпревар и остана на теренот околу еден час.

„Тој работи многу напорно. Тој е навистина мотивиран. На сите ви докажа дека е талентиран фудбалер. Тој е европски шампион. Многу верувам во него“. –  изјави менаџерот на Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk