logo
logo
logo

Аморим бара изговори: Треба да ја играме нашата игра, а не играта на противниците

Vecer | 27.09.2025

Аморим бара изговори: Треба да ја играме нашата игра, а не играта на противниците

фото: Manchester United (X)

Манчестер Јунајтед денеска претрпе нов пораз во Премиер лигата. На гостувањето кај Брентфорд, „црвените ѓаволи“ загубија со 3:1. Менаџерот на гостите, Рубен Аморим, на прес-конференцијата по средбата истакна:

„Секако, сакаме да победиме, но не ја контролиравме играта. Игравме фудбал, но сите клучни моменти беа против нас. Тешко е повторно да се изгуби, но треба да размислуваме за следниот натпревар. Брентфорд првиот гол го даде по долг пас. Работевме на тоа оваа недела, како и на прекините. Знаевме дека ќе има долги додавања. Моравме подобро. Не ја игравме нашата игра. Треба да ја играме нашата игра, а не играта на нашите противници, но тие беа посилни во тој поглед“, рече тренерот на  Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk