logo
logo
logo

Али Карими е на удар на властите во Иран

Vecer | 11.05.2026

Али Карими е на удар на властите во Иран

Иран како држава во моментов е во центарот на вниманието на светските медиуми поради конфликтот што се одвива, и секој потег во оваа земја се коментира, образложува и става под лупа што се вели.

Конфликтот кој што оваа држава го има со САД односно Израел е децениски, во моментов истиот ескалира, и последици ќе има на многу начини и по многумина.

Па така, еден од оние кои што ќе биде на удар на во моментов властите во Иран, е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња на оваа земја, Али Карими.
Тој своевремено беше дел од екипите на Шалке 04 и Баерн Минхен, играше со години за националниот тим на Иран, а беше прогласен и за играч на годината во Азија.

Сепак, неговите остри критики кон режимот во Иран, јавното несогласување со властите во оваа земја, ги натераа истите во моментов Карими да го стават на тапет што се вели.

Односно, властите ги заоструваат и онака веќе ригорозните закони за соработување со непријателот, па Карими доколку биде дефинитивно прогласен за државен непријател, можно е да остане без целиот имот кој што според законите би му бил конфискуван.

Карими е човек кој што во своите изјави јавно вели дека Иран и Израел не треба да бидат непријатели, што во неговата земја во моментов се толкува како непријателска пропаганда очигледно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk