logo
logo
logo

„Ако Артета сака да биде шампион, нека го смени капитенот!“

Vecer | 14.08.2025

„Ако Артета сака да биде шампион, нека го смени капитенот!“

фото: Tony Adams (X)

Некогашната ѕвезда на лондонски Арсенал, Тони Адамс изјави дека менаџерот на „топчиите“ Микел Артета треба да го смени капитенот на тимот.

„Тој има многу важна порака да испрати оваа година, не мислам дека сè уште ја испратил. Таа порака е да го направи Деклан Рајс капитен. Мислам дека Деклан е вистинскиот капитен и тоа би можело да му даде на Одегард малку повеќе слобода. Од време на време, менаџерот мора да избере некој што го одразува него и фудбалскиот клуб. Некој за кого верува дека може да го однесе на следно ниво. Го гледам Деклан Рајс како капитен, но му велам на Артета: „Ајде, покажи се. Време е да бидеш фантастичен и победнички менаџер, бидејќи со Одегард како капитен нема да ја освоиш лигата“, рече поранешниот дефанзивец на Арсенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk