logo
logo
logo

РАФАЕЛ НАДАЛ ЈА ДОБИ ПОЧЕСНАТА ТИТУЛА МАРКИЗ

Vecer | 19.06.2025

РАФАЕЛ НАДАЛ ЈА ДОБИ ПОЧЕСНАТА ТИТУЛА МАРКИЗ

Кралот Филип VI од Шпанија денес му ја додели титулата маркиз на тенисерот Рафаел Надал, како признание за неговиот придонес во Шпанија преку спортот, се вели во соопштението на Палатата.

Надал, кој се пензионираше минатата година, е еден од шесте лауреати на кои им беа доделени титули по повод десетгодишнината од владеењето на кралот Филип VI, објави Ројтерс.

Меѓу победниците се поп-рок пејачката Лус Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.

„Тие се извор на гордост за Шпанија и постојана референтна точка за вредностите што треба да го инспирираат нашето општество“, се вели во соопштението.

Надал, кој освои гренд слем титули 22 пати и триумфираше рекордни 14 пати на турнирот Ролан Гарос, сега ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, од неговиот роден регион Мајорка, каде што живее и денес.

Титулата може да ја наследат неговите потомци.

Пред неколку дена, поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, ја доби почесната титула „Сер“, која, по повод роденденот на кралот Чарлс, му беше доделена и на фронтменот на групата Ху, Роџер Далтри, како и на добитникот на Оскар, Гари Олдман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk