logo
logo
logo

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со претседателот на ФИФА Џани Инфантино

Vecer | 21.06.2025

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со претседателот на ФИФА Џани Инфантино

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино, на која се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од светската фудбалска организација. Средбата беше остварена во рамките на Самитот на ФИФА кој се одржа во Мајами во рамките на Светското клупско првенство.

Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, истакна дека ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во суштина, во терени, осветлување и услови каде што навистина се развива играта.

-Нашата визија се мали, но квалитетни стадиони. Не трибини без публика, туку терени, таму каде што почнува фудбалот, порача Омерагиќ.

Фокусот треба да се стави на терените, младите и суштински промени во македонскиот фудбал. Пристапот беше поддржан од Инфантино, кој посочи дека и во рамки на ФИФА се води токму таква стратешка дискусија, подобро е мал, но квалитетен стадион, отколку голем објект без содржина. Дополнително, беше презентирана иницијативата на ФФМ клубовите да добиваат бесплатна опрема со услов таа да не се продава, туку да им се донира на децата.

Инфантино го поздрави концептот и најави дека ќе го сподели како позитивен пример на следните самити на ФИФА. ФФМ изрази искрена благодарност за топлиот прием, а воедно, беше упатена покана за официјална посета на нашата земја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk