logo
logo
logo

Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

Vecer | 07.06.2025

Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но побара максимална концентрација за следниот дуел, со Казахстан на гостински терен.

-Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации. Со поддршката од публиката успеавме да освоиме бод против првиот фаворит во нашата група. Сепак овој резултат нема ништо да значи ако не го победиме Казахстан в понеделник. Затоа мора да ги заборавиме претходните две кола и да се фокусираме на нашиот следен ривал. Ако играме вака, тимски и пожртвувано, ќе ја оствариме целта, истакна Милевски по ремито (1:1) со Белгија.

Во поредокот во Ј-групата од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026, лидер е Велс со 7 бода (3 натпревари), Македонија има 5 (3), Казахстан собра 3 (2), Белгија 1 (1), Лихтештајн нема освоен бод (3).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk