logo
logo
logo

Коментаторот на РТС низ солзи го најави едноминутното молчење на натпреварот Србија – Австрија

Vecer | 23.03.2025

Коментаторот на РТС низ солзи го најави едноминутното молчење на натпреварот Србија – Австрија

Со едноминутно молчење започна реваншот од баражот за опстанок во „А“ дивизијата од Лигата на нации меѓу Србија и Австрија кој се играше во Белград. Причина беше загубата на сите луѓе во последниот период.

За Вукашин Црнчевиќ, кој стана 16-та жртва на уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Се одржа и едноминутно молчење за сите загинати во неодамнешниот пожар во дискотека во Кочани. Почит беа оддадени и на починатите поранешни фудбалери Душан Маравиќ, Радиша Илиќ и Андрија Делибашиќ.

Ниту коментаторот на РТС, легендарниот Александар Стојановиќ, не можеше да ја задржи возбудата. Тој се расплака при објавувањето на минута молчење на стадионот „Рајко Митиќ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk