logo
logo
logo

ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КФМ, долгогодишниот македонски бизнисмен и инвеститор во кошарката беше единствен кандидат

Vecer | 30.04.2025

ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КФМ, долгогодишниот македонски бизнисмен и инвеститор во кошарката беше единствен кандидат

Македонската кошарка доби нов претседател во името на македонскиот бизнисмен Томица Главчев кој едногласно беше изгласан од клубовите на Вонредното Изборно Собрание на КФСМ во СЦ „Борис Трајковски“.

На Вонредното изборно собрание беа присутни 38 клуба, а сите едногласно му изгласаа недоверба на првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ. Потоа следеше избор на собраниско тело, кое подоцна го верификува Томица Главчев за нов претседател на КФСМ.

Главчев, долгогодишен македонски бизнисмен и инвеститор во македонската кошарка во клубови како Кожув и Блокотехна, беше единствен кандидат за нов претседател на КФСМ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk