Додека фудбалскиот свет тагува по ненадејната смрт на португалскиот фудбалер Диого Жота (28), информации, фотографии и снимки поврзани со сообраќајната несреќа во која трагично ги загубија животите напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат се објавуваат во јавноста.
На најновите снимки што кружат во шпанските медиуми, снимени од објективот на возач на камион кој меѓу првите пристигнал на местото на ужасната несреќа, може да се види како пламенот го проголтува скапиот спидстер во кој се наоѓале Диого Јота и неговиот брат Андре. За нив немало спас.
За потсетување, според прелиминарната полициска истрага, Ламборџинито на Жота имал дупната гума додека престигнувал друго возило на патот, поради што скршнало од патот, а потоа се запалило, како што може да се види во приложеното видео.
„Центарот за итни случаи во Кастиља и Леон прими неколку повици за сообраќајна несреќа на 65-тиот километар од патот А-52, во општина Чернадиља, Замора. Беше пријавено дека во несреќата учествувал автомобил и дека возилото се запалило. Службата за несреќата ја известила сообраќајната полиција во Замора, противпожарната бригада на покраинскиот совет на Замора и Центарот за координација на итни случаи Сасил (CCU). Оттаму, пристигнала Единицата за итна медицинска помош (UME) и персоналот на примарна медицинска нега (MAP) од Здравствениот центар Момбуеј, кои ја потврдиле смртта на две лица на местото на настанот“, се вели во извештајот од службите за итни случаи таму.
Шпанските медиуми, исто така, пристигнаа на местото на несреќата со кратко известување - и пронајдоа вознемирувачки сцени! Автомобилот во кој патувале Јота и неговиот брат бил целосно уништен, до непрепознатливост.
Диого Жота ја остави зад себе сопругата Руте Кардосо, неговата тинејџерска љубов со која се ожени 11 дена пред неговата смрт, и нивните три деца.
Фото: Анадолу
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата