logo
logo
logo

Видео

ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА: Силекс славеше во финалето над Шкендија 1:0

Vecer | 20.05.2026

ГО ОСВОИ ПЕХАРОТ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА: Силекс славеше во финалето над Шкендија 1:0

Заслужено, Силекс е освојувач на 33-тито изнадние на Куп на Македонија по победата од 1:0 над Шкендија на арената „Тодор Проески“.

По завршување на финалето, Силекс со право еуфорично се израдуваа на својот четврти трофеј во историјата на Купот на Македонија, откако претходно славеа и во 1994, 1997 и во 2021 година.

По изедначеното прво полувреме, Силекс покажа поголема храброст и заслужено се радуваше на престижниот пехар. Кратовци дојдоа до големиот триумф со голот на Ади Алиќ постигнат во 70. минута од средбата.

Силекс со новиот успех дојде до својот четврти куп-трофеј во клупската историја. Кратовскиот состав претходно се радуваше на овој пехар во купот (1994, 1997, 2021).

Со овој триумф, тимот на Силекс обезбеди и сигурно место во квалификациите за Конференциската лига.

Шкендија одигра премногу претпазливо и остана без планираниот трофеј поради отсуството на повредениот стрелец Бесарт Ибраими. Поразот на тетовци ја остави екипата на Струга Трим Лум без пласман на меѓународната фудбалска сцена.

Пехарот на победничкиот тим му го предаде потпретседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Марјан Стојкоски по што следуваше еуфорично славје.

Шкендија сезоната ја завршува без освоен трофеј, откако претходно ја загуби шампионската титула од Вардар. Сепак, тетовци летово ќе играат во Конференциската лига како второпласиран тим во првенството.

Тетовци по завршувањето на натпреварот не покажаа фер-плеј, откако одбија да ги примат медалите што им следуваат како финалисти во Купот.

Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк
Фото: Екипа.мк

КУП НА МАКЕДОНИЈА, ФИНАЛЕ

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 1-0 

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 5.000.

Судија: Игор Стојчевски.

Стрелци: Алиќ 71′

Ж. Картони: Тимовски, Пиреш, Ѓ.Џеков (С) – Алхасан, Трумчи, Зејнулаи, Мазари, Мељиќи (Ш).

СИЛЕКС: Љ.Џеков, Тимовски (83′ Димитриевски), Шуберт, Бутуровиќ, Ѓ. Џеков, Ефтимов (65′ Мирчевски), Донов, Додев (74′ Делимеѓац), Анѓелески, Пиреш, Алиќ (83′ Мишов).

Тренер: Александар Васоски.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Ислами, Ајетовиќ (81′ Мазари), Алхасан (70′ Мељиќи), Зејнулаи (81′ Крстевски), Красниќи, Љатифи, Тамба (58′ Спахиу), Ндзенгуе.

Тренер: Јетон Беќири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk