logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА УБЕДЛИВО ЈА СОВЛАДА ЕСТОНИЈА: Последната пречка е Литванија

Vecer | 08.05.2025

МАКЕДОНИЈА УБЕДЛИВО ЈА СОВЛАДА ЕСТОНИЈА: Последната пречка е Литванија

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Македонија уште од самиот почеток наметна силно темпо и на средината од првиот дел имаше водство од седум голови разлика (12-5) кое на полувремето изнесуваше недостижни плус девет (19-10).

Во продолжението македонските ракометари рутински го приведоа натпреварот до самиот крај и ја забележаа втората победа во петтиот натпревар во квалификациската група 1.

Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а голманите Томовски и Митревски заедно запишаа вкупно 19 одбрани.

Во завршното коло Македонија в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Литванија и за сигурен пласман на ЕП на избраниците на Лазаров ќе им биде потребна од најмалку три голови разлика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk