logo
logo
logo

Mакедонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот Шведска-Холандија

Vecer | 17.01.2026

Mакедонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот Шведска-Холандија

На Европското првенство во ракомет денеска на програмата се шест натпревари, а два се од првата рунда во Малме и четири дуели од второто коло. Во Малме во првиот дуел од 18 часот играат светскиот вицепрвак Хрватска и Грузија, додека од 20:30 часот е дербито на групата меѓу Шведска и Холандија. Овој натпревар ќе го судат македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Во Хернинг во А групата на програмата се дуели од второто коло: Австрија за ривал ја има Шпанија, додека Србија ќе игра против Германија.

На натпреварите од Ц групата во Осло, за очекување е фаворитите Франција и Норвешка да стигнат до победи во дуелите со Чешка и со Украина. Од 18 часот е дуелот Франција – Украина, додека од 20:30 часот играат: Норвешка – Чешка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk