logo
logo
logo

КОЧАНИ, КОЧАНИ, ечеше на стадионот во Вадуц во 59. минута (ВИДЕО)

Vecer | 22.03.2025

КОЧАНИ, КОЧАНИ, ечеше на стадионот во Вадуц во 59. минута (ВИДЕО)

Во 59 минута на стадионот во Вадуц околу 1.200 Македонци го скандираа името на градот Кочани оддавајќи почит на сите настрадани во дискотеката „Пулс“.

Македонија во моментов води против Лихтенхтај со головите на Трајковски и Муслиу, но натпреварот поминува во знакот на трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица.

Фудбалерите пред почетокот на натпреварот истрчаа на загревање во маици на кои беше испишано Кочани, а симболично во 59. минута публиката го скандираше името на градот и со силен аплауз оддаде почит на жртвите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk