logo
logo
logo

БИТОЛСКА ОДМАЗДА СРЕДЕ СКОПЈЕ: Еурофарм Пелистер го одбрани шампионското место - РК Вардар на домашен терен ја загуби титулата

Vecer | 07.06.2025

БИТОЛСКА ОДМАЗДА СРЕДЕ СКОПЈЕ: Еурофарм Пелистер го одбрани шампионското место - РК Вардар на домашен терен ја загуби титулата

Еурофарм Пелистер го победи Врадар и ја одбрани шампионската титула.

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија.

Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 32:30 и стигнаа до трофејот.

Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17:15, а имаа и пет гола предност (15:10).

Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Трофејот освоен во СЦ „Борис Трајковски“ е вкупно деветти за Еурофарм Пелистер и трет во низа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk