На „Градскиот стадион“ вечерва се присутни 250 навивачи на Јагелонија. Амбасадата на Полска во Македонија испрати препораки до навивачите да внимаваат, да се движат заедно низ градот и да не се двојат, затоа што можни се напади од „други навивачки групи“.
Навивачите на Јагелонија се поврзани со фудбалскиот хулиганизам во Полска, деструктивно и незаконско однесување, како што се немири и вандализам, кои често се случуваат во врска со натпреварите и можат да вклучуваат конфликти меѓу организирани групи навивачи познати како „фирми“.

Најголемиот инцидент се случи на 28.08.2025 во Албанија кога играа ФК Динамо Сити и Јагелонија и дојде до тепачка поради непочитување статуата на Скендербег.

Тензично беше и на „Градскиот стадион“ во Скопје на мечот Шкендија-Јагелонија од Конференциската лига. Гостинските навивачи кои се познати по своите националистички пораки извикуваат „Косово је срце Србије“. На тоа „Балистите“ возвратија со УЧК, УЧК. Па повторно Пољаците по свое, а Балистите со УЧК...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата