logo
logo
logo

СИМЕОНЕ СО ИЗЈАВА ГО УТЕПА ЈАМАЛ: Роналдо е ноќна мора, а ти...

Vecer | 15.04.2026

СИМЕОНЕ СО ИЗЈАВА ГО УТЕПА ЈАМАЛ: Роналдо е ноќна мора, а ти...

Ламин ќе нè гледа на телевизија“, вели тренерот на Атлетико и додава дека постои огромна разлика помеѓу добро играње и тоа да биде кошмар за противниците.

Последен смеа - Диего Симеоне. Постојат причини, постојат години искуство во натпреварување како Лигата на шампионите. Сепак, тој не се фали со провокативни изјави иако знае да биде емотивен, како што беше кога неговиот Атлетико ја елиминираше Барселона и се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Тоа беше подарок за навивачите на мадридскиот тим, кои се навикнати да страдаат, но и одмазда за Ламин Јамал и неговите зборови “дека тој ќе биде терор за Атлкетико“ со кои се охрабри себеси и своите соиграчи пред реваншот со Колчонеросите.

За да се разбере тензијата што се роди помеѓу младиот ас и искусниот тренер, потребно е хронолошки да се потсетиме што се случи пред натпреварот во вторник за да се добие подобар вовед во одговорот на Аргентинецот.

Сè започна на прес-конференцијата еден ден пред реваншот, кога Јамал, уверен во своите дриблинг вештини, му рече на тренерот на Атлетико да не ги дуплира бековите, бадијала ќе му биде.

Се надевам дека Коло ќе ми направи услуга и ќе ми даде ситуации еден на еден во вториот натпревар“, посака Јамал, крилниот напаѓач на Барселона.

Неколку часа подоцна во прес-салата на стадионот на Атлетико, соочен со новинарско прашање токму на таа тема, Диего Симеоне возврати:

Ламин не го направи тоа (дриблинзи) на Ноу Камп, па се прашувам како планира да го направи тоа на Метрополитен. Сите го чекаме. Ми се допаѓа неговата самодоверба. Не е прв пат да се фали на интернет. Го направи тоа против Португалија и на крајот го загуби натпреварот.“

Кога, по исцрпувачкиот реванш, Атлетико обезбеди место меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето, Чоло почувствува потреба малку да се радува. Сега може. Сепак, го нокаутира големиот ривал. И сепак, Ламин Јамал ​​сè уште не е доволно созреан за секогаш да ги „малтретира“ своите противници во најсилните натпревари.

Нека не го гледа вќе Атлетико на телевизија, но ќе мора. Тој е талентиран, тој е добро дете. Сакаше ситуација еден на еден и постигна гол на почетокот на играта.

Потоа медиумите веднаш почнаа да го прогласуваат за крал на Европа, но во фудбалот е важно чие име ќе биде извлечено на лотаријата утре. Новинарите сакаат да се плашам од детето само затоа што дрибла и зборува со самодоверба, но знаете ли што беше вистинскиот страв? Со години седев на клупата и гледав хет-трикови - на Кристијано Роналдо, кој го исфрли мојот тим од Лигата на шампионите. Роналчдо беше вистински ужас“, рече тренерот на Атлетико.

Симеоне додаде дека сè уште го цени Џамал, но дека во однос на натпреварувањето, екипата на Мадрид покажа повеќе за време на двомечот.

Ламин играше прекрасно и стигнавме до полуфиналето. Тој е оној што оди дома да нè гледа на телевизија.“ „Постои огромна разлика помеѓу добро играње и тоа да се биде кошмар за противникот“, заклучи Диего Симеоне по натпреварот.

Постои уште една негова изјава што стана вирална, но тоа е повеќе парафраза на она што Симеоне наводно им го кажал на играчите на Атлетико за време на паузата помеѓу двете полувремиња за да им даде дополнителен поттик.

Ламин ме замоли за услуга, им рече на медиумите дека сака ситуации „еден на еден“ и постигна гол во четвртата минута.

Морам да почитувам дете кое разговара со новинарите а потоа навистина го потврдува тоа на теренот. Рече дека сака притисок затоа што тогаш вистинските играчи доаѓаат до израз. Во ред, но... Ова е Метрополитано и никој досега не преживеал нокаут вечер тука во Лигата на шампионите.

Се забавуваше во првите 45 минути, но второто полувреме ќе биде сосема поинаква игра. А ние имаме вкупна предност и ќе го натераме да страда. Ќе видиме дали момчето продолжува да верува дека грешките не се чуда кога ќе го претвориме ова поле во бојно поле за него.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk