logo
logo
logo

ОФАНЗИВНО ПРОТИВ БЕЛГИЈА Елмас и Миовски истурени во нападот

Vecer | 06.06.2025

ОФАНЗИВНО ПРОТИВ БЕЛГИЈА Елмас и Миовски истурени во нападот

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра можеби најтешкиот натпревар во квалификациите за Светското првенство – дуелот против силната селекција на Белгија. Средбата ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“, каде што се очекуваат речиси полни трибини, што ќе биде дополнителна поддршка за нашите репрезентативци.

Селекторот Благоја Милески реши да излезе со офанзивна постава во формација 3-5-2. Од првата минута за Македонија ќе настапат:

Димитриевски на голот, пред него Муслиу, Зајков и Стојчевски во одбраната. Средниот ред го сочинуваат Алиоски, Атанасов, Барди, Костадинов и Илиевски, додека во нападот ќе дејствуваат Елмас и Миовски.

Спротивно на нив, белгискиот селектор Руди Гарсија за првиот натпревар во квалификациите одлучи да настапи со следните 11:

Селс е чуварот на мрежата, а пред него ќе стартуваат Дебаст, Фаес и Мение. Во средината се Де Кујпер, Ванакен, Раскин, Де Брјне и Салемакерс, додека нападот го предводат брзоногиот Доку и силниот Лукаку.

Македонија моментално е на првата позиција во групата со четири освоени бодови, додека за Белгија ова ќе биде деби натпревар во квалификациите.

Атмосферата во Скопје е на електризирано ниво, а сите очи се вперени во оваа фудбалска вечер што може да ја одреди судбината на нашата репрезентација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk