logo
logo
logo

ФФМ ПРЕСЕЧЕ: Ова е КАЗНАТА за Шкендија за скандалозното навивање

Vecer | 05.04.2025

ФФМ ПРЕСЕЧЕ: Ова е КАЗНАТА за Шкендија за скандалозното навивање

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ѝ изрече казна на Шкендија за недолично однесување на нејзините навивачи за време на минута молк пред почетокот на мечот со ФК Брера кога некои присутни гледачи недолично скандираа и викаа во тие моменти.

Шкендија е казнета со пет домашни натпревари без гледачи, како и со парична казна од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Драстично е казнет и делегатот Гоце Шоповски од Струга кој се суспендира на шест месеци каква било функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи. Делегатот, според ФФМ не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и според протоколите кои предвидуваат празнење на трибините, не постапил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk