Џон Џонс, поранешниот шампион во тешка и полутешка категорија на UFC, одлучи да се пензионира пред борбата за појас против Томас Аспинал, по што проблемите со кои се соочуваат популарните „Боунс“ беа откриени во јавноста.
Во исто време кога фронтменот на UFC, Дана Вајт, ја објави одлуката на Џонс во Баку, се појавија медиумски наводи кои го поврзуваат Американецот со прекршување на законот.
Според „Албукерки џурнал“, Џонс е обвинет за напуштање на местото на несреќата, поради што против него е поднесена кривична пријава.
Тој случај е датиран на 24 февруари и е поврзан со сообраќајна несреќа во која е повредена жена што седела на совозачкото седиште. Таа им кажала на полицајците дека Џонс бил зад воланот, а кога агенциите за спроведување на законот го контактирале, постоело сомневање дека бил под дејство на алкохол.
Засега нема конкретни докази, па затоа не може да се утврди дали навистина Џонс од другата страна на телефонот посочил дека гореспоменатата жена го напуштила неговиот дом тој ден и го повикала по несреќата во очигледно пијана состојба.
„Имајте на ум дека медиумите можат да прават грешки ако ги немаат сите факти. Не верувајте во сè што ќе прочитате“, напиша Џонс на социјалните мрежи кратко откако веста повторно се појави.
Џонс треба да се појави на суд на 24 јули на сослушување за кауција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата