logo
logo
logo

Сакам да дојдам во Македонија!

НОВАК СО ЧЕСТИТКИ ДО ЛИНА ЃОРЧЕСКА: „Се надевам дека ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“

Vecer | 28.06.2026

НОВАК СО ЧЕСТИТКИ ДО ЛИНА ЃОРЧЕСКА: „Се надевам дека ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го чека својот прв настап на Вимблдон. Во вторник во 12 часот ќе стартува против Анисимова во еден од двата први натпревари во овој ден. Анисимова е моментно 6. пласирана на ВТА листата и на дуелот со Ѓорческа ќе влезе како голем фаворит.

Во меѓувреме, Новак Ѓоковиќ кој исто така е поддржувач на тенисерите од регионот, токму од Вимблдон, а за Макфакс испрати порака со поддршка за Лина. Србинот вели дека е запознаен и дека го прател настапот на Лина.

„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте ја испиша својата историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно“, е дел од изјавата на Ноле.

Ѓоковиќ најви посета на Македонија, која би ја организирале заедно со Лина и Калин Ивановски.

Целиот текст можете да го прочитате на овој ЛИНК. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk