logo
logo
logo

Од уб'о - поуб'о

ТОП Листа на НАЈУБАВИ мажи и жени во светот. А Македонците... чекаат ред за вакцинација

Vecer | 16.03.2021

ТОП Листа на НАЈУБАВИ мажи и жени во светот. А Македонците... чекаат ред за вакцинација

Најновата листа на најубави народи во светот изненади многумина, па дури и навреди некои. Во секој случај, сега е малку појасно дали се точни оние стереотипи дека Германците се најгрди во светот, а Италијанците најубави.

Познатиот сајт за запознавање BeautifulPeople.com објави список со најубавите луѓе во светот, судејќи според бројните читатели кои гласале, за спротивниот пол. Значи, всушност има два одделни списоци – за мажи и жени.

Македонците ги нема на оваа листа, но можеби е подобро да се биде под радарот отколку да се заврши на последното 21-то место, како што се, на пример, Ирците.

И поради тоа, многумина велат дека оние што гласале очигледно не знаат колку жени се фасцинирани од Пирс Броснан, Колин Фарел, Лиам Нисон, Џејми Дорнан.

Од друга страна, дамите од Норвешка се наоѓаат на врвот на женската листа, додека Германките, според овие бројки, се најгрди.

И иако се вели дека оваа популарна платформа е многу контроверзна затоа што членовите можат да бидат претежно само убави луѓе, таа има над пет милиони корисници ширум светот.

Најатрактивни мажи на светот:

Швеѓани

Бразилци

Данци

Италијанци

Португалци

Аргентинци

Норвежани

Шпанци

Американци

Канаѓани

Најатрактивни жени во светот:

Норвежанки

Швеѓанки

Исланѓани

Бразилки

Аргентинки

Французинки

Американки

Канаѓанки

Италијанки

Русинки

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk