Се раздвижува политичката сцена. Како што ми се гледа мене, во тек е процес на дистанцирање, коментира на Фејсбук Зоран Јовановски, поранешниот потпретседател на СДСМ, по информациите дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски ќе формира партија.
Претходно, група угледни членови на СДСМ во Охрид најавија дека планираат да формираат независна листа во пресрет на локалните избори.
Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска изјави дека не верува оти поранешниот лидер Бранко Црвенковски ќе прави нова политичка партија.
– Црвенковски е еден од основачите на СДСМ, бил премиер и претседател на државата предложен од СДСМ и не верувам дека ќе прави политичка партија – рече Заев.
Заев вели дека Црвенковски не може да биде ништо друго освен СДСМ и ги оцени како приказни шпекулациите во јавноста.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата