logo
logo
logo

Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари

Vecer | 07.04.2025

Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари

Владата значително ги зголеми платите на здравствените работници, медицински сестри, техничари и административен персонал.  Првото покачување беше со октомвриската плата во 2024 година, а со мартовската плата исплатена на април за сите вработени во јавниот здравствен сектор се зголеми за 2.500 денари, соопштија од Владата.

За само шест месеци од Владата платите во здравството достигна зголемување од 4.815 денари нето за сите здравствени работници, додека за медицинските сестри изнесува дури 6.200 денари.

Со ова покажавме дека се враќа достоинството на докторите и медицинските сестри кои се чувари на здравјето на граѓаните.

Наша цел е подобрување на здравствените услуги и здравствената заштита на пациентите.

Преку дијалог со здравствените синдикати постигнавме историски договор за покачување на платите во здравството во следните четири години да достигне дури 50 проценти.

Со работа, труд и реформи носиме резултати кои значат поголема мотивација, посветеност, стабилност и квалитет во здравството.

Владата продолжува да работи во интерес на сите граѓани и конечно враќање на довербата на граѓаните во јавните здравствени услуги, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk