logo
logo
logo

Здравствен дом Тетово: Не е наше возилото од видеото каде Брза помош носи столици до казино

Vecer | 02.10.2023

Здравствен дом Тетово: Не е наше возилото од видеото каде Брза помош носи столици до казино

Јавната здравствена установа Здравствен дом Тетово преку соопштение ја информира јавноста дека не е нивно возилото за итна медицинска помош за кое беше објавено видео дека се превезува инвентар до објект за игри на среќа.

Според тетовскиот Здравствен дом возилото е на приватна установа.

Во интерес на вистина сакаме да ве информираме дека на одделни портали кружи видео дека се споменува дека е возило на Брзата помош во Тетово, со која се нарушува угледот на одделот за Итна медицинска помош е невистинит, на посоченото видео не е возило на Итната медицинска помош или Брза помош, која работи во склоп на Здравствениот дом Тетово, туку се работи за амбулантно возило во сопственост на приватна здравствена установа, објави Здравстен дом Тетово на социјалната мрежа Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk