logo
logo
logo

ЗАГЛАВЕНИ ПАТНИЦИ, НЕРВОЗА - Маглата созаде хаос на аеродром (ВИДЕО)

Vecer | 03.01.2023

ЗАГЛАВЕНИ ПАТНИЦИ, НЕРВОЗА - Маглата созаде хаос на аеродром (ВИДЕО)

Маглата која со денови не се поместува од Скопје создаде хаос со летовите на аеродромот.  Заглавени патници, паника и нервоза. Ваква е состојбата на скопскиот аеродром поради одложените и откажаните летови во изминатите три денови.

Вчера, откажани се 13 лета на авиони што требаше да слетаат на скопскиот аеродром. Причината е густата магла. Има и летови, кои, наместо во Македонија, слетаа во Косово.

Новинарот од А1он.мк утрово ја пренесува атмосферата од денешниот ден кој пак почна со откажување на летот од Шведска за Македонија.

На аеродромот останаа иселеници, посетители, но и патници, кои само транзитираат преку Македонија. Меѓу нив има и родители со бебиња и деца.

Погледнете како изгледа моменталната состојба на скопскиот аеродром

https://youtu.be/bXtgfM4C9kA

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk