Правосудството во Македонија со власта на ДУИ и СДС го допре дното. Довербата на граѓаните во правосудните органи е сведено на статистичка грешка од само 3 до 4%. Тоа е резултат на партизирањето и силувањето на судските органи кое го прави оваа власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие потсетуваат дека за половина година се сменија три претседатели на Судскиот совет, институцијата која одлучува за тоа кој судија ќе биде именуван, унапреден или разрешен.
- Сето тоа помина со скандали, прекршување на норми и обвинувања за политички, бизнис и слични интереси. Сега како капак на се, се забрани присуство на камери на состаноците на Судскиот совет што уште повеќе го нарушува угледот и кредибилитетот на оваа институција. Ваквиот потег за забрана на снимања на седниците на Судскиот совет има за цел да прикријат пазарите со правото и правдата кој што се случуваат, нагласија тие.
Посочуваат дека судски совет се претвори во “Стрини на чешма", тело без суштина, без кредибилитет, крајно политизирано и девастирано.
- Без здраво судство нема правна држава, а без правна држава нема напредок, туку само корупција и криминал од функционерите. Тоа доволно говори зошто и кој го уништува судството и кој има корист од тоа. Тоа само говори дека дното во судството ќе биде пробиено. Доверба во судството ќе почне да се мери во промили. Ова е системско уништување на судството кое треба да биде коректив во една држава. За тоа мора да има одговорност, стои во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата