logo
logo
logo

За ВМРО-ДПМНЕ темата за уставни измени е затворена (ВИДЕО)

Vecer | 28.05.2023

За ВМРО-ДПМНЕ темата за уставни измени е затворена (ВИДЕО)

По најавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерска средба, од опозициската партија напоменуват дека тема на разговор никако и под никакви уцени да нема да бидат уставните измени.

– Она што граѓаните го добиваат како одговор е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат на нешто што е спротивно на македонските национални интереси и таа тема е затворена. Граѓаните може да бидат мирни дека некој ги чува македонските  национални интереси, а тоа се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Ние со средбите ќе продолжиме, ќе понудиме и решенија, а со наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решиме повеќето проблеми, а Македонија ќе стане за сите луѓе, потенцираше Ели Панова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk