logo
logo
logo

„За каква поддршка говори Ковачевски, 7000 ФИРМИ САМО ЛАНИ СТАВИЈА КЛУЧ НА ВРАТА“

Vecer | 09.10.2023

„За каква поддршка говори Ковачевски, 7000 ФИРМИ САМО ЛАНИ СТАВИЈА КЛУЧ НА ВРАТА“

За каква помош кон економијата зборува Ковачевски? Дали за воведувањето на таканаречениот солидарен данок со кој удри по компаниите кои чесно работат и плаќаат придонеси или за зголемувањето на ДДВ за над 1.000 производи? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Која помош ја даде Ковачевски кон економијата кога има пад на реалната плата? Каде одат парите од буџетот и како се трошат?

Само во 2022 година заради СДС и Ковачевски се затворени 6.857 компании, од кои 5 се големи фирми со над 250 вработени и над 10 милиони евра приходи, потоа затворени се 3 средни компании кои имаат до 250 вработени и 10 милиони евра приходи, останатите се мали и микро претпријатија од кои се издржувале исто толкав број на семејства.

За каква економска помош зборува Ковачевски кога се поголем е бројот на компании кои едвај врзуваат крај со крај? Имено лоши им оди на компаниите низ целата држава. Ако се погледнат податоците објавени во медиумите направени врз анализа на Бизнисмрежа, се доаѓа до заклучок дека во 2022 година во Скопје се затворени 2.299 претпријатија, во Битола 411, во Тетово 385, во Куманово 340, во Гостивар 305.

Фирмите се борат да преживеaт, па оттука нејасно е на што се троши најголемиот буџет во историјата на државата?

Ковачевски ја сфаќа економијата како тендери во 4 очи и преземање фирми за 0 денари како Дрин со Соравија. Со СДС економијата оди само надолу. Народот е се понезадоволен, затоа потребни се промени, реагират од партијата.

Ковачевски денеска изјави дека владата е партнер на стопанството.

- Заедно ја градиме нашата европска економија, за повисок раст, нови инвестиции и подобар животен стандард, рече тој.

Тој подвлече дека и во услови на криза Буџетот е стабилен, се зачуваа работните места, се задржа ликвидноста на компаниите, а поддршка на државата не изостана. Растат платите, се намалува невработеноста, а растат и инвестициите.

Според него сето ова е резултат на стратешката определба на државата, влезот во НАТО и евроинтегративниот процес, кој во иднина ќе го забрза економскиот раст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk