logo
logo
logo

За ДКСК Законот за Коридорите е НЕУСТАВЕН, за Пендаровски НЕМА ПРОБЛЕМ

Vecer | 16.07.2021

За ДКСК Законот за Коридорите е НЕУСТАВЕН, за Пендаровски НЕМА ПРОБЛЕМ

Специјалниот закон кој беше усвоен од Собранието, а со кој се овозможува набавките за изградбата на Коридорите 8 и 10 да се вршат без тендер предизвика реакции во јавноста. Практично со ова власта ќе склучува договори со компанијата Бехтел и Енка, без притоа да се објавуваат тендери. Антикорупциска комисија смета дека законот е противуставен и затоа најавуваат дека ќе ги искористат сите можности за да се оспори овој закон. Најпрво побараа претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише указот на законот, но доколку го потпише велат ќе го оспорат пред Уставен суд.

„Ние ќе ги користиме сите алатки кои што ни се овозможени во системот и ќе ги употребиме во ваков случај. Одиме чекор по чекор. Да го дадеме на Уставен веќе треба да имаме закон во функција потпишан од претседателот. Одиме чекор по чекор, планиравме да го дадеме мислењето до Собрание меѓутоа тие веќе го донесоа што значи дека нашиот натамошен чекор е претседателот на државата“, истакна Билјана Ивановска.

Но и покрај ваквото барање на Антикорупциска од Кабинетот на шефот на државата во меѓувреме стигна информација дека Пендаровски го потпишал законот.

„Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник, или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти“, велат од Кабинетот на Претседателот.

„Нема јавен интерес каде што има вакви политички фискултури и мудрости, и не знам како да ги наречам овие сплеткарења. Значи тука нема јавен интерес. Во функција на јавниот интерес треба искрено, отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже, зошто и како се поставени работите. А не вака по скратена постапка да се носи закон кој што е од многу големо значење за целата држава.“ - изјави Биљана Ивановска претседател на ДКСК.

„Ако ги гледаме сериски, по 7 години случајот ни се повторува, а ништо расчистено од претходното. Автопатот Кичево - Охрид веќе никој не знае кога ќе се заврши и што ќе се случува, а се зборуваше за финансиски реперкусии од 160 милиони евра. И затоа ние сега вели, вие имате захфат, образложете едноставно, и ако затоа реков, условно прекршување, значи ете сите ќе ги затвориме очите, ама за што??? За да ни се повтори уште едно Синохидро.“ - изјави Нури Бајрами од ДКСК.

Законот што вчера го усвои Собранието, на предлог на група пратеници, е конкретна реалзиација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово - Гостивар, Струга - Ќафасан, како и Прилеп - Битола.

Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk